петок, 18 октомври 2024

Во Гостивар водата е безбедна за пиење

ЈП „Комуналец“ Гостивар објави дека според анализите од лабораторијата на Јавната здравствена установа – Скопје за бактериолошката и физичко-хемиската состојба на водата, потврдено е дека водата е безбедна за пиење.

 

Објавено на

часот

Сподели

Пред една недела Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде наредба за забрана за пиење на водата од градскиот водовод во Гостивар. И во водата во Гостивар беше  детектирано зголемено присуство на манган.

„Водата во Гостивар е безбедна за консумирање. Според анализите од лабораторијата на Јавната здравствена установа – Скопје за бактериолошката и физичко-хемиската состојба на водата, потврдено е дека водата во нашиот град е безбедна за пиење“,

Соопшти ЈП „Комуналец“ – Гостивар.

Според анализата на АХВ загаденоста на водата била предизвикана од обилните врнежи од дожд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ