понеделник, 10 март 2025

Во главниот град на Перу е откриен мост од 16 век (ВИДЕО)

Остатоците од мостот беа пронајдени на 24 февруари за време на ископувањата во историската област Пролима, на само неколку метри од Претседателската палата.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Археолозите открија мост од 16 век во историскиот центар на Лима, кој долго се сметаше за изгубен, пренесува Анадолу.

Според археологот Ернесто Лаз, мостот бил дел од стариот град и е значајно откритие поради неговата близина до главните историски локалитети, како што се Плаза Мајор и улицата Жирон де ла Унион, која некогаш била централната оска на Лима.

Оваа градба висока пет метри ја поврзува Лима со северниот брег на реката до 1610 година, кога била заменет со нов камен мост.

Тим истражувачи од Програмата за реконструкција на историскиот центар (Пролима) го претставија ова значајно археолошко откритие, кое ќе помогне за подобро разбирање на тогашната инфраструктура и урбаниот развој на Лима за време на колонијалниот период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ