недела, 22 декември 2024

Во Германија исчезна девојката Наташа Соврановски

Исчезната е 25-годишната Наташа Соврановски. Нејзиното семејство нема контакт седум дена и испрати апел за нејзино пронаоѓање. Наташа е по потекло од Македонија, која живее во Германија, каде и последен пат е видена на 2 септември. На себе носела црна маица и црни панталони со странични џебови и црни „Најк“ патики.

Објавено на

часот

Сподели

Апелот на семејството преку социјалните мрежи го рашири групата Македонци во Германија.

Во описот на Наташа е наведено дека е висока 180 сантиметри, а локацијата на исчезнувањето е Завелштајн. Таа има темно кафеава коса и кафеави очи, а како карактеристика за препознавање е издвоено дека има тетоважа на подлактицата.

Семејството апелира доколку некој има информации за тоа каде се наоѓа да пријави на +49 1573 4580153 или директно да ја контактира полицијата.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ