Градоначалникот на Тетово и лидер на движењето Беса Билал Касами, за оваа трагедија извести на социјалните мрежи. Тој изрази длабоко жалење за трагичната сообраќајна несреќа.
„Со длабока тага ја дознавме тажната вест за почитуваната професорка Тренделина Деари, воедно и шефица на форумот на жени на Движењето Беса во Гостивар за смртта на нејзината ќеркичка во сообраќајна несреќа. Во ова тешко време, ја споделуваме болката со семејството Деари и нашите срца се со вас. На професорката Тренделина ѝ посакуваме брзо закрепнување и го молиме големиот Бог да го направи ангелчето жител на рајот, додека на семејството Деари изразуваме искрено сочувство и Бог да им даде трпение. Почивај во мир мала Андина!“, напиша Касами.