Натпреварот почна идеално за Њукасл, Исак погоди од пенал уште во шестата минута за водство од 1-0.
Во 21. минута Антонио изедначи на 1-1, а во судиското продолжение од првиот дел Кудус постигна гол за комплетен пресврт и водство на Вест Хем од 2-1.
По само три минути игра во вториот дел Боуен го зголеми водството на Вест Хем на 3-1.
Во 77. минута Њукасл доби нов пенал, Исак повторно беше прецизен за намалување на 3-2.
Шест минути подоцна Исак беше во улога на асистент, додаде до Барнс кој реализираше за израмнување на 3-3.
Во 90. минута Харви Барнс даде уште еден гол, овојпат со убав шут од далечина за победа на Њукасл од 4-3.