петок, 18 октомври 2024

Во дијаспората ќе се гласа за претседател на Македонија, но не и за избор на пратеници

Заклучно со утрово во 9 часот, кога заврши увидот во Избирачкиот список и регистрацијата на гласачите од дијаспората за претседателските и парламентарни избори, од  дијаспората се пристигнати вкупно 2.943 пријави од кои 2.369 се прифатени, 396 се одбиени и 178 необработени пријави, соопшти ДИК. Како што во петокот изјави портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, без разлика колку прифатени пријави има за гласање во дијаспората, гласање за претседателските избори ќе се организира, но за да се организира гласање за парламентарните избори потребно е да се пријават најмалку 5.355 гласачи во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство.

Објавено на

часот

Сподели

Гласање во дијаспората за претседателските избори ќе се организира, со оглед дека претседател на државата се избира според мнозинскиот систем на целата територија на државата, како и на сите континенти каде што живеат нашите државјани.

Од ДИК информираат дека регистрацијата на гласачите во дијаспората завршила денеска во 9 часот, поради продолжување на рокот за пријавување на гласачите.

„Причината за продлжување на рокот беа технички проблеми со интернет страницата www.dijaspora.sec.mk, кој траеше од 17 март 2024 година од 24 часот до 18 март 2024, 9 часот“, посочија од Државната изборна комисија.

Инаку, заклучно со вчерашниот ден, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија увид на своите податоци во Избирачкиот список направиле 6.231 лице. Според ДИК, 23 лица поднеле барање за промена на своите податоци, 29 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и 11 лица поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список.

Електронски проверка во податоците направиле вкупно 56.299 граѓани, а поднесени се 47 барања за промена на податоци, девет барања за бришење на податоци и 24 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.

По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, според информациите од ДИК, заклучно со 19 март 2024 година, до 9 часот, се пристигнати вкупно 2.943 пријави од кои 2.369 се прифатени, 396 се одбиени и 178 необработени пријави кои ќе бидат обработени во текот на денешниот ден.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ