сабота, 14 декември 2024

Во Црна Гора уапсени двајца поранешни министри за земјоделство

Двајца поранешни црногорски министри за земјоделство, Милутин Симовиќ и Петар Ивановиќ, ги уапсиле денес припадници на Специјалниот полициски оддел (СПО), по налог на специјалното државно обвинителство на Црна Гора за организиран криминал, јавуваат црногорските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на Вијести, двајцата поранешни министри се осомничени за незаконска исплата од буџетот за земјоделство. Симовиќ бил министер за земјоделство од 2016 до 2020 и потпретседател на владата на премиерот Душко Марковиќ.

Петар Ивановиќ бил министер за земјоделство и рурален развој од 2012 до 2016, а потоа пратеник во парламентот. Од 2018 до 2023 бил советник за економија на поранешниот претседател на Црна Гора Мило Ѓукановиќ. Ивановиќ бил уапсен во куќа во Подгорица, а во моментов полицијата претресува неколку објекти во негова сопственост.

Во истата акција е уапсен и поранешен државен секретар на министерството за земјоделство Немања Катниќ. Ивановиќ од претходно е обвинет за злоупотреба на позицијата за аферата Абу Даби фонд.

Државната агенција на Обединетите Арапски Емирати во 2015 во рамки на Абу Даби фондот за развој, за поттикнување на земјоделството на северот на Црна Гора, обезбедила кредит од 50 милиони долари. Ивановиќ е обвинет за злоупотреба при распределувањето на тие пари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ