петок, 18 октомври 2024

Во Бутел две лица фатени како фрлаат метал, пластика и градежен шут

Инспекторите за животна средина на Град Скопје денеска затекнаа две лица како фрлаат големи количини отпад на дива депонија на приватен имот и ја палат. На депонијата во општина Бутел имало огромна количина на отпад од метал, пластика и градежен шут.

Објавено на

часот

Сподели

За извршеното кривично дело од С.М жител на општина Бутел и М.Д. државјанин на Косово, согласно членот 218 на Кривичниот законик, Град Скопје соопштува дека ќе поднесе кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело казниво со затвор од четири до десет години.
На територијата на Скопје има вкупно 14 институции кои во вакви ситуации имаат надлежност и обврска да постапуваат, се вели во соопштението на Град Скопје и се повикуваат и останатите да постапуваат во вакви случаи за што имаат и законска обврска.
За време на викендот инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори санкционирале и казните повеќе од 20 сторители.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ