„Работевме многу активно од четврток до вчера. Сигурен сум дека до крајот на денот ќе стапи на сила забраната за влез на руски автомобили и на територијата на Бугарија, а сакам да додадам дека за камиони функционира веќе неколку месеци“, изјави шефот на граничната служба, пренесе бугарскиот весник 24 часа.
Според него, забранет е и превозот на стока.
Златанов не прецизираше колку автомобили месечно влегуваат во Бугарија, но додаде дека „нема многу“.
Забраната ЕК ја воведе на 11 септември и веќе е во сила во Литванија, Латвија, Естонија, Полска, Финска, а од денеска и во Норвешка.