недела, 2 февруари 2025

Во болницата во Струга починало 4-годишно дете

Четиригодишно дете утрово починало на детското одделение на болницата во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

„Медицински лица од Општата болница во Струга е пријавено дека на детското одделение во болницата било донесено четиригодишно дете од Струга, кое извесно време било во тешка здравствена состојба. И покрај итно укажаната медицинска помош, детето починало“, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Полицијата во координација со јавен обвинител, презема мерки за целосно расветлување на настанот.

Четиригодишното дете што утрово почина на Детското одделение во Струшката болница имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри, потврди за МИА директорот на Струшката болница Владимир Бунчески.

Тој посочи дека детето било донесено во многу тешка состојба со подраширени зеници и оти борбата на лекарите да го вртат во животот била неуспешна. Детето било родено во Италија со тешка форма на церебрална парализа, каде докторите им соопштиле на родителите дека ќе живее три до шест месеци.

Увид извршил јавен обвинител и во координација со семејството телото нема да биде предадено на обдукција. Не била констатирана лекарска грешка, биле преземени сите здравствени мерки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ