Ентитетската влада усвои измени според кои со парична казна или затвор до три години би се казнило неовластено објавување документи, фотографии, снимки или други содржини од лична природа без согласност на лицето на кое се однесува.
Ако таков прекршок изврши службено лице во вршење должност, затворската казна би се зголемила до пет години. Новинарските здруженија бурно реагираа наведувајќи дека тоа отвора простор за цензура.
„Измените и дополнувањата носат ризик од злоупотреба со цел ограничување, сузбивање и цензурирање на медиумските слободи, ограничување на критичкото мислење и замолчување на неистомислениците“’, соопшти делегацијата на ЕУ.
„Гарантирањето на слободата на изразување и медиумите е клучниот приоритет за европскиот пат на Босна и Херцеговина“, се истакнува во соопштението и се додава дека законските решенија мора да бидат усогласени со европските стандарди.
Слични казнени одредби претходно беа воведени во законодавството на Република Српска.