„Окружната полиција Брчко на БиХ, под надзор на Окружното обвинителство Брчко на БиХ, лиши од слобода три лица – З.Ѓ. и А.Ѓ. од Брчко и В.П. од Бања Лука поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело трговија со луѓе од член 207а, трговија со деца од член 207б и кривично дело запуштање или злоупотреба на дете од чл.216 од Кривичниот законик на БХБ.
„За собирање материјални докази, по наредба на Обвинителството на округот Брчко на БиХ, спроведена е истрага на лице место, а по усна наредба на Основниот суд на Округот Брчко на БиХ, извршен е претрес во просториите на станбената зграда во која се наоѓаа децата“, соопштија од Обвинителството на округот Брчко на БиХ.
Окружната полиција Брчко додаде дека истрагата за инцидентот е во тек.
Се огласи ОБСЕ
– Длабоко сме вознемирени од веста за трговија со луѓе во округот Брчко во БиХ. Трговијата со луѓе е многу сериозно и сложено кривично дело, честопати означувано како модерна форма на ропство. Ова кривично дело се карактеризира со сериозни прекршувања на основните човекови права. Тоа предизвикува трајни физички и психички последици за жртвите, а го поткопува нивното достоинство и благосостојба долго по завршувањето на експлоатацијата – соопшти Мисијата на ОБСЕ во БиХ.
Мисијата на ОБСЕ во БиХ ги повикува надлежните органи итно да започнат темелна истрага и да ги гонат одговорните.
– Истовремено, неопходно е да се обезбеди сеопфатна заштита и поддршка на жртвите, имајќи го предвид фактот дека тие се малолетни. Силниот одговор од надлежните институции е предуслов за спречување на криминални дела од овој тип, но и за заштита на најранливите членови на општеството и зачувување на владеењето на правото – се наведува во соопштението за печатот на Мисијата на ОБСЕ во БиХ.