Во преполните простории на клубот присутните споделуваа длабоки патриотски емоции што произлегуваа од поезијата на Благојка Саракинова – Филипчева.
Модератор, презентер и рецензент беше м-р Анита Бошкова, кориците се дело на Јован Мазгански, а техничко уредување го направи инж. Љупчо Филипчев.
Презентери на поезијата беа: Лидија Лучко Јеремиќ, м-р Лилјана Стоилкова, Јован Мазгански, Никола Бомбас и младата Елена Николова. Промотор беше проф.д-р Виолета Ачкоска која допре до срцата на присутните.
Во беседата на Ачкоска меѓу другото се вели:
„Поетесата гради куќа на вечноста, македонски дом на идните генерации,
пренесувајќи низа етички вредности низ четири тематски целини – семејството, христијанството, бунт против војната во чии рамки спаѓа и големата македонска голгота на прогонетите од Егејот и борбата да се сочува македонскиот идентитет и националното достоинство”.