Низ градот се закачени десетици постери на кои е прикажан Макрон со мустаќи слични на Хитлер, под чиј портрет стои натписот „Не, благодарам“ и бројките 49,3, кои ги претставуваат членовите од уставот користени од француската премиерка Елизабет Борн да го донесе законот за пензиски реформи заобиколувајќи го парламентот.
Обвинителството започна истрага за „јавно навредување“ на францускиот претседател и „поттикнување на бунт“, објави ТВ каналот.
In France, such posters began to appear in cities. Fuhrer Macron. pic.twitter.com/Mj34qCAzQT
— Dr.Sheikh.Simon (@sheikhsimon0077) May 18, 2023
За тие дела, како што се наведува, се заканува парична казна од 12.000 евра и 2 месеци затвор и парична казна од 7.500 евра.
Кабинетот на градоначалникот нареди веднаш да се отстранат сите плакати.
French city opens probe into posters depicting Macron as Hitler https://t.co/paj07SYhrA
— Cassis (@cassisnouveau) May 18, 2023
Ова не е првпат Макрон да биде претставен како Хитлер. Во септември 2021 година, судот во францускиот град Тулон го осуди 62-годишниот поранешен сопственик на билборд Мишел-Анж Флорио на парична казна од 10.000 евра за прикажување на францускиот претседател Емануел Макрон како Хитлер на билборд, а во позадина со бели букви на црвена позадина стоел натписот: „Повинете се. Вакцинирајте се“.
Флори беше осуден за „јавна навреда“ на претседателот на Републиката, а во декември 2022 година Касациониот суд го ослободи.