Како што денеска информираа од МВР, тој бил затекнат како управува патничко моторно возило ауди со скопски регистарски ознаки, кое било запрено од страна на полициски службеници, а во него се превезувале седум илегални мигранти.
„Е.М. бил приведен, со него бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, појаснуваат од МВР.