Се докажаа сомневањето дека криминалната група Беланоца-Барон криела пари и оружје. Во акцијата беше вклучена и Армијата.
Досега се запленети поголема количина оружје, илјадници евра, накит, автомобили, часовници и други вредни предмети.
Истражните органи и натаму работат на прибирање докази за сторени убиства, нарачки за убиства, растурање на дрога…
Акцијата продолжува, а неофицијално вакви заплени се очекуваат и во наредните денови.
Во средата полициски екипи во атарот на Општина Арачиново пронајде еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со куршуми, една тегла со муниција, ранец и други предмети.