сабота, 27 јули 2024

Во акција уапсени полицајци, дел од нив веќе се однесени во суд

Пo претресот во затворот Идризово минатата недела кога беа пронајдени „поголема количина недозволени предмети“, МКД.мк дознава дека утрово се уапсени неколкумина полицајци кои веќе се однесени во Основниот кривичен суд Скопје.

 

Објавено на

часот

Сподели

Во акција што се случува од утрово уапсени се повеќе полицајци, најверојатно поврзани со последните случувања во затворот во Идризово каде мината недела во гоелма полициска акција беа пронајдени, како што известија од затворот, поголема количина недозволени предмети.

Како што дознава МКД.мк дел од уапсените полицајци веќе се однесени во Основниот кривиечн суд Скопје каде што ќе треба да дадат исказ пред судија на претходна постапка.

Засега ниту Јавното обвинителство ниту МВР не излегуваат со информации ниту со детали за оваа акицја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ