„Почетокот на преговорите за Украина и Молдавија, е доказ дека причина зошто не сме почнале преговори со ЕУ, не е Бугарија, туку криминалот и корупцијата на власта.
Ако е Бугарија само проблем, таа ќе била решена, проблем е криминализираната власт, со која никој од ЕУ не сака да седи на маса.
Не запира да зачудува мазохизмот на СДС и ДУИ, кои и по сите добиени шамари и јасни сигнали дека во Македонија има епидемија од корупција, тие продолжуваат да спроведуваат штетни политики, наместо да понесат одговорност.
Со СДС и ДУИ Македонија не може подобро. Потребна е нова влада која ќе се грижи за националните интереси и ќе се бори против криминалот и корупцијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.