„Политичките партии СДС и ДУИ си најдоа кој да обвинува, кој да суди. Потоа дури Кацарска ја унапредија и за Уставен судија, а судијата Илија Трпков држи политички говори за 27 април.
На сите вакви и слични неправди печат стави нивниот сиамски близнак Љупчо Коцевски кој треба да биде разрешен, не само затоа што е дел од политичката архитектура на СДС и ДУИ во судството, туку и затоа што незаконски и поставува и разрешува кадри делејки ги на подобни за неговите политички ментори и неподобни.
Токму затоа СДС се толку загрижени и се против реформите во судството. Доаѓа време на правда, и на реформи на последното политичко упориште на криминализираниот дел од општеството во Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.