„Македонија да стане национална држава на Македонците и малцинствата во нејзе. Односно Македонија би била држава на еден народ, со широко набројување на сите малцинства. Тоа би изгледало вака: „Република Македонија се воспоставува како национална држава на македонскиот народ и држава на малцинствата: Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други, кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права, со тие на македонскиот народ и остварување на националните права, во склад со демократските норми на ООН”.
Веруваме дека СДС и ДУИ нема да имаат ништо против, да прифатат европски устав како решение за уставните измени“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.