недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Сопругата на премиерот по багателна цена добива државно земјиште за изградба на фотоволтаици

Објавено на

часот

Сподели

„Со одлука и потпис на Артан Груби, фамилијата Ковачевски доби земјиште по цена од само 70 денари по м2.

За околу 1.300 евра фирма на фамилијата Ковачевски, каде што главен лик е госпоѓата Ковачевска добива земјиште за изградба на фотоволтаици од 1.119м2.

Една седница на Влада потпишува Ковачевски, а се богати Груби, наредна седница на Влада потпишува Артан, а се богати Димитар. Артан Груби му се одолжи на Димитар Ковачевски за целосната и безусловна одбрана на криминалот кој го прави неговиот брат со фамилијарните фирми, како и за матните тендери со надзорот на коридорите 8 и 10д.

Потписот на Груби не го сокрива фактот, како и судирот на интереси, дека Владата предводена од Ковачевски доделува земјиште на сопругата на Ковачевски.

Ваквата одлука на Владата со која и се доделува државно земјиште на сопругата на Ковачевски е само доказ за целосната одлепеност и забеганост на криминалците од СДС и ДУИ.

Државната комисија за спречување на корупцијата веднаш треба да отвори случај за овој еклатантен пример за судир на интереси“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ