Вториот, бим софтвер или бим алатка, би ја користеле проектантите и институциите кои во процес на вадење на градежна дозвола ќе можат да го вметнат самиот проект, а алатката да ми даде одговор на тоа дали проектот одговара урбанистичките основи. И со ова идејата е да се забрза процесот на давање на градежна дозвола. Или вака ќе се зголеми транспарентноста и ќе се намали корупцијата.
Овие алатки ќе водат до поголема транспарентност, побрз процес на издавање на документи и што е најважно со ова ќе се сузбива корупцијата во општеството која е еден од најголемите проблеми на граѓаните.
Овие алатки се и начин да се врати изгубената доверба во институциите во овој период на владеење на СДС и ДУИ. Со отчетна и чесна работа ќе ја вратиме довербата на граѓаните кон институциите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.