вторник, 11 февруари 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ има потрошено 280.000 евра за реклами на Фејсбук

По обвинувањата на опозициската СДСМ дека премиерот Христијан Мицкоски троши илјадници евра месечно за реклами на Фејсбук, од матичната партија на првиот човек во Владата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат дека  додека биле на власт СДСМ, Заев и Ковачевски потрошиле 280.000 евра за Фејсбук-реклами.

Објавено на

часот

Сподели

„Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за Фејсбук- реклами.

Дури 280 илјади евра завршија на промоција на пропаднатите политики на СДС, Заев и Ковачевски, кои ја упропастија државата.

СДС, Заев и Ковачевски, дадоа 280 илјади евра да ја покријат одговорноста и за модуларната болница во Тетово, и за Дурмо Турс и за тендерите на Васко Ковачевски, и за сите криминали и рекети кои ги направија.

Дури 280 илјади евра СДС, Заев и Ковачевски потрошија за дефокус на народот додека браќата на Заев и Филипче градеа фотоволтаични централи заедно, и додека Владата на Ковачевски даваше земја за соларна централа на неговата сопруга.

Наместо за народот, СДС, Заев и Ковачевски потрошија 280 илјади евра за нивните лаги и манипулации“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ