вторник, 4 февруари 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го уништија образованието

СДС и ДУИ го девалвираа и уништија образованието изминатите седум години. СДС ги остави училиштата без основни средства за дезинфекција, учениците без материјали и учебници. Концептот на СДС и Мила Царовска тотално го уништија образованието, а поради тоа најмногу страдаа децата и наставниците, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Концептот на Царовска и СДС за дигитализација на образованието создаде хаос. СДС наместо да обезбедат учебници со години ги полнеа џебовите со ексклузивните договори за печатење учебници и откуп на ексклузивни права.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбеди учебници, гради и обновува училишта и спортски сали. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за да го направи образованието подобро и поквалитетно. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ соработува со учениците и студентите, наставниците и родителите, и со сите граѓани и експерти за да воспостави напреден воспитно-образовен систем“, соопшти партијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ