среда, 29 јануари 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Работиме домаќински, се грижиме за граѓаните, а тоа се виде за само четири месеци

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на дело покажува вистинска грижа кон граѓаните и нивниот животен стандард, велат во утринското соопштение од партијата и додаваат дека за само четири месеци се гледаат ефектите од домаќинското работење.

Објавено на

часот

Сподели

„Се намалуваат трошоците за живот, се зголемуваат платите и пензиите, почна заживувањето на економијата.Минималната синдикална кошница за храна и пијалаци во месец октомври, споредено со септември годинава, бележи намалување од 1000 денари. Ова претставува намалување од 5 проценти на трошоците за храна и пијалаци. Тоа е така, благодарение на мерките на владата за ограничување на бруто профитната маржа на 73 производи, кои се најзастапени во потрошувачката кошница граѓаните. Дека владината мерка за ограничување на маржата дава резултати, и дека цените на прехранбените производи се намалуваат, го потврдуваат и до Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Но, работа и посветеноста на владата во интерес и за зголемувањето на стандардот на граѓаните не застанува тука, и во иднина ќе продолжат мерките за намалување на цените на производите и зголемувањето на платите и пензии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека со тоа, Владата ја прави живеачка полесна за сите и е посветена на намалува цените, намалува инфлацијата, на зголемување на животниот стандард и зголемува куповната моќ, како и зголемување на економскиот раст.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ