недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ прашува кој бил јавниот интерес што МЕПСО спонзорирал клубови, центри за танци…

Донациите и спонзорствата на МЕПСО се сомнителни по неколку параметри како на пример тоа што согласно планот за 2024 година биле предвидени 12.300.000 денари, а биле потрошени 22.712.500 денари и второ, согласно Законот за донации и спонзорства во јавните дејности каде се утврдува дека преку целта на донација треба да се утврди, оствари, промовира или поддржи дејност од јавен интерес, обвини денеска на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Објавено на

часот

Сподели

Митева на денешната прес конферецнија праша која е дејноста од јавен интерес што МЕПСО го спонзорирал преку Здружението на граѓани за промоција „22 Нентор“ кое во февруари годинава добило 120.000 денари.

За дел од примателите на донациите, рече Митева, како на пример Сесон кое добило 300.000 денари и ОФ на Македонија кое добило 1.000.000 денари не може да се најдат подетални податоци.

Митева уште праша кој е јавниот интерес што МЕПСО, на Центарот за модерни и спортски танци Прима Данца и на боречкиот клуб Тефејуз Скопје им доделил по 300.000 денари.

Митева тврди дека листата на донации и спонзорства е долга и голема, па затоа праша дали согласно Законот за донации и спонзорства се изготвени извештаи помеѓу давателот и примателот на донацијата кои се должни тоа да го направат и дали врз основа на тие извештаи може да се утврди целта на донацијата и импактот кој истата го имала врз јавноста?

„Владеењето на СДС и ДУИ беше катастрофално на секое ниво. Ќе продолжиме да ја информираме јавноста за информациите кои доаѓаат до нас, а за сите овие работи очекуваме одговорност и соодветни постапки“, рече Митева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ