„Дека во Македонија владее политичко инструирано судство и обвинителство, можеме да видиме од постапките на Рускоска која преку Кацарска и Трпков, си играше со судбините на луѓето што беа вклучени во случајот за 27 април. За добро завршената работа, Кацарска стана уставен судија, а Трпков наместо човек од правото, стана човек на политиката.
Тандемот Трпков, Кацарска пресудија над 200 години затвор за 27 април додека државата потопена во криминал од ДУИ и СДС се распаѓаше по сите основи.
Да не се заборави нивната улога на џелати во водењето на судските процеси, игрите со притворите, стигматизацијата, осудите на луѓето без пресуда, и нивното политичко водење на случаите.
Ова не проаѓа без нивниот сиамски близнак, ЈО во заминување Љупчо Коцевски, кој треба да си понесе одговорност затоа што е дел од политичката архитектура на СДС и ДУИ во судството и затоа што незаконски поставува и разрешува кадри во судството, онака како што нему му одговара.
Затоа СДС се загрижени и не сакаат промена на обвинителот Коцевски. Затоа СДС не се откажува од своите политички кадри во судството. Правдата во Македонија доаѓа и реформите во судството се во тек“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.