сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски, Ахмети и Заев сигурно зборувале за силувањето на државата

Колку повеќе ДУИ и СДС ја силуваат државата, толку погласно зборуваат за Европа, реагира ВМРО-ДПМНЕ по веста дека во еден ресторан ручек – средба имале премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

Објавено на

часот

Сподели

„На европскиот состанок меѓу Заев, Ковачевски и Ахмети сигурно се зборувало за исполнетите бенчмаркови при киднапирањето на државата од ДУИ и СДС, за сложената европска операција за делење на шамари при контрола на летови во М-НАВ што според оваа европска тројка би било опишано како за европско тепање, за корупциските скандали со европско знаменце во РЕК, за бизнисите на Евровиа, за милионите за Бехтел и Енка, за европската марихуана на струмичкото поле, за европскиот азил на Ден Дончев со полно туце пари, за непостоечките инвестиции, за пасошите за криминалци, за европските редици за вадење на лични документи за граѓаните и редица други ‘успеси’.

Не се сомневаме дека биле разменети искуства од казината, лотариите, стекнувањето на Соравиа, европските практики на Кацарска во судството, на Филипче во здравството, во енергетиката, модуларната болница, се во функција на европската интеграција.

Колку повеќе ДУИ и СДС ја силуваат државата, толку погласно зборуваат за Европа“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ