Клан Македонија дознава дека Заев, Ковачевски и Ахмети имале заеднички ручек кој траел четири часа и на средбата дискутирале за европскиот фронт и претседателските и парламентарните избори.
Клан Македонија дознава дека работниот ручек поминал во конструктивна и позитивна атмосфера но без детали за другите теми кои се дискутирале.
Неофицијално, средбата ја потврдија од СДСМ.
Како што вечерва дознава МИА, се разговарало за дефинирање на стратегијата за настап на изборите и за сите опции на европскиот фронт.
Извори за МИА посочуваат дека е разговарано за заеднички пристап кон европската опција од која нема отстапки и дека е дефинирана насоката за конкретна стратегија за очекуваната успешност.
„Нема прецизни информации и детали за разговорите, но нашите извори велат дека под конструктивен пристап се подразбира и опција за заеднички настап и за консензуален претседателски кадидат на претстојните избори. На средбата биле отворени сите опции за претстојните претседателски и парламентарни избори“, објави МИА.
Инаку, една ваква средба со работен ручек Заев – Ахмети, пред една година се одржа во Струмица.