„Под водство на Зуди Енуз од, т.н. фронт на ДУИ и поставен од СДС, во јуни годинава МЕПСО склучил договор со албанска фирма Шанси инвест за набавка на уред за корекција на напонски профил на трансформаторска станица. Во Планот за развој на електро преносниот систем на МЕПСО 2021-2030 година, буџетот предвиден за уредот за корекција изнесува 2,8 милиони евра, а во договорот склучен со оваа фирма истиот уред изнесува 5,864 милиони евра, што е за три милиони евра повеќе од планираното.
Дополнителен загрижувачки факт е што на овој тендер албанската фирма Шанси инвест учествува со Далековод АД Загреб, која е фирма за производство на таквиот вид на опрема и која се јавува како поголем партнер во конзорциумот.
Од сето ова се покренуваат сомнежи за улогата на албанската фирма кога истата опрема доаѓа, можела да се набави и да биде монтирана директно од фирмата производител. Дали Шанси инвест е фирма која послужила за вадење на профитот од над три милиони евра повеќе од планираното?
Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да отвори случај и да истражи во чии џебови завршила разликата од три милиони евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.