„Тој на итар и нечесен начин, имал намера да го заобиколи противењето на опозициските советници на бетонизацијата и планот фирмата на пратеникот на ДУИ и СДС, Исмаил Јахоски, Пуцко петрол, кај Алумина да направи бизнис со бетонизација вреден над 600 милиони евра.
Навистина е манипулативно навраќањето на Јакимовски пред 7 години и барањето на вина, за неговото бетонско здание во тогашниот министер за транспорт и врски Мисајловски.
Јакимовски не кажува дека министер не дава согласност, туку овластен архитект, урбанист, а го носи општината.
Граѓаните се против тоа Карпош да се бетонизира и тој дел од булеварот Теодосиј Гологанов, дополнително да се претвори во тесно грло, сообраќајот да се отежни и да се наруши квалитетот на живеење на самите жители.
Ги повикуваме Ковачевски и Јакимовски да не одат против волјата на жителите на Општина Карпош, кои недвосмислено се против овој проект за бетонизација“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.