недела, 22 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ гласаа за измените во Законот за бранителите, ДУИ најавува блокада

Законот за измена и дополнување на Законот за бранителите со поддршка на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја помина првата фаза. Наспроти ова, „партијата на нашиот воен непријател од 2001-та се заканува со блокада на предлог законот на бранителите со кој се исправа неправда нанесена на семејствата чии синови ги убиле токму тие, нашиот воен непријател од 2001-та, поранешните припадници на УЧК, сегашни функционери во ДУИ“, вели генералот Стојанче Ангелов, претседател на партијата на бранителите Достоинство.

 

Објавено на

часот

Сподели

Вчера на седница на Собранието со 76 гласови „за“ законот за измена и дополнување на Законот за бранителите ја помина првата фаза. Со предложената измена ќе се исправи една голема неправда нанесена на десетина воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители кои настрадаа бранејќи ја татковината Македонија во 2001-та, но кои до ден денес останаа необесштетени.

Во својата фејсбук-порака Ангелов напиша: „Голема благодарност до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која ја прифати иницијативата на Достоинство и ја предложи во Собранието како предлог закон и на вчерашната седница гласаше „за“. Голема благодарност и до пратеничката група на СДСМ која се охрабри и одважи и гласаше за овој предлог закон. Благодарност и до двајцата пратеници од Левица кои исто така дадоа поддршка на нашиот предлог закон.

Убаво е кога се гледа македонско единство зад еден ваков чувствителен предлог закон, но ме загрижува говорот на координаторот на ДУИ, партија наследничка на УЧК, кој најави блокада на предлог законот со 10.000 амандмани. Или, поинаку кажано, партијата на нашиот воен непријател од 2001-та се заканува да го блокира предлог законот на бранителите со кој се исправа една неправда нанесена на семејствата чии синови ги убиле токму тие, поранешните припадници на УЧК, сегашни функционери во ДУИ“, напиша Ангелов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ