„Профитот што го остварувала оваа веледрогерија, го правела врз маките на граѓаните, кои плаќале огромни суми за лекови за да го продолжат животот на најблиските.
Граѓаните вакво нешто не заслужуваат. Македонското здравство заслужува подобар третман и услуги. Оваа мафија на смртта која што палела и гасела во македонското здравство мора да одговара.
Го повикуваме ЈО да отвори истрага против оваа мафија која што ја интересира само профитот од маката на граѓаните. Исто така, да истражи колку пари се испумпувале од ФЗОМ и Клиниките.
Правдата мора да дојде, а оваа мафија да одговара“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.