Во меѓувреме координацијата засега продолжува само телефонски, а се очекува и промена на бројките во однос на бројот на пратениците на победничките партии. Има неофицијални најави за премини на пратеници од ДУИ и СДСМ во најверојатно идните владини коалициски партии ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ. Во јавноста се шпекулира дека тоа се пратеници од ЛДП и НСДП, од турската и други партии од коалицијата на ДУИ.
Од Вреди веќе најавија дека очекуваат уставните измени, поврзани со условите за членството на Македонија во ЕУ, мора да се случат до крајот на годинава.