сабота, 27 јули 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети, престани да се однесуваш како палаво дете кое плаче по играчка

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети се однесува како палаво дете кое плаче по играчка која не е негова, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на лидерот на ДУИ Али Ахмети искажани на прес-конференција во Мала Речица кој обвини за мајоризација и непочитување на Охридскиот договор со изборот „влада да прави со поразената по сите основи опозициска коалиција Вреди“.

Објавено на

часот

Сподели

„Нема ниту мајоризација, ниту шовинизам, ниту е важно што Ахмети имал чувство на навреденост, важно е што волјата на мнозинството е ДУИ да оди во опозиција и да се соочи со одговорност.

Ако одењето на ДУИ во опозиција е кршење на Рамковниот договор, тогаш и Али Ахмети го прекрши кога реши да ја изостави ВМРО-ДПМНЕ од владата и не го почитуваше резултатот на изборите во 2016 година кога победи ВМРО-ДПМНЕ.  Тоа само значи дека почитувањето на Охридскиот договор нема врска со фактот дали ДУИ е власт или опозиција.

Ахмети треба да престане да се однесува како палаво дете кое плаче по играчката која не е негова, затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е СДС, ниту пак одењето на ДУИ има некаква врска со односот на ВМРО-ДПМНЕ кон Албанците. Затоа што ДУИ не се само Албанците во Македонија, ДУИ е сегментот кој ги крадеше Албанците исто како и Македонците. Ако Ахмети мисли дека нови и антидржавни етнички барања преточени во документи и платформи ќе го спаси од одење во опозиција и ќе ги сокрие криминалите на неговата партија, треба да знае само дека тоа забрзано ќе му ја заврши кариерата.

Првото ветување е исполнето, ДУИ оди во опозиција“, се вели во реакцијата на ВМО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ