сабота, 27 јули 2024

Влијателни личности во САД се залагаат да запре војната во Украина, во ЕУ – да продолжи

Објавено на

часот

Сподели

Истовремено, британскиот весник Фајненшл тајмс предупредува дека „најверојатниот исход од таа војна не е целосна победа на Украинците, туку крваво заглавување во конфликтот“.

Во предлогот за прекин на конфликтот и мировните преговори, кој донекаде наликува на кинескиот план за прекин на огнот во Украина, американските аналитичари Чарлс Капчан, поранешен советник во Белата куќа, и Ричард Хас, претседател на Советот за меѓународни прашања (ЦФР), велат дека „Западот мора да ѝ помогне на Украина да се одбрани и да напредува на бојното поле, за на крајот на годината да биде во најдобра позиција за преговори“.

Но, како што велат тие, „Вашингтон мора да се вклучи во дипломатска активност со цел да ја гарантира безбедноста и одржливоста на Украина во нејзините фактички, де факто граници, со долгорочна цел повторно да го воспостави територијалниот интегритет на таа земја.“

Меѓутоа, германскиот дневен весник „Тагесшпигел“ објави повик до Западот да продолжи да испорачува најсмртоносно оружје на украинската армија за да ги скрши руските сили.

Потписници на тој апел се пет угледни дипломати и поранешни високи функционери, меѓу кои и поранешниот советник на канцеларката Ангела Меркел и шеф на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојзген, како и поранешниот американски советник за национална безбедност Џим Џонс.

Од другата страна на Атлантикот, колумнистот на Вашингтон пост Дејвид Игнатиус исто така истакнува дека „Владата на американскиот претседател Џозеф Бајден мора да излезе со веродостоен план за ставање крај на украинската војна“.

Во заедничка статија во списанието Форин полиси, Капчан и Хас велат дека „Западот, со својата сесрдна поддршка во текот на изминатата година, му дозволи на Киев да одреди каков ќе биде успехот во војната, а со тоа и целите на Западот.“

Таквата политика, дури и ако се игнорира она што се случува во војната, како што истакнаа, сега го достигна својот крај „зашто тоа не е паметно бидејќи целите на Украина се во конфликт со другите интереси на Западот“.

Овие угледни, иако останува да се види дали и влијателни американски аналитичари јасно велат дека „ова сега е неодржливо бидејќи трошоците за војната се зголемуваат, јавноста и владите на Запад се сè помалку подготвени да дадат дополнителна поддршка“.

Капчан и Хас велат дека „Америка како светска сила мора да признае дека клучните интереси што се во игра во оваа војна произведоа политика што сè повеќе е во судир со примарните цели на САД“.

Тие укажуваат на севкупниот политички и економски хаос во светот – „што е последица и на војната во Украина“, доаѓањето на нова студена војна, и нагласуваат дека Америка мора да се подготви и за можен оружен конфликт со Кина поради Тајван.

Петте потписници на апелот во Тагесшпигел наведуваат дека со поддршката на Западот за Киев со сите средства и победа над Москва, „Западот, за да им се спротивстави на Москва и Пекинг, мора да биде многу поактивен надвор од границите на трансатлантската заедница, бидејќи во многу делови од светот се прифаќаат руските и кинеските тврдења дека НАТО е виновен за војната во Украина и дека надворешната политика на Америка и нејзините европски сојузници се заснова на неоколонијалистички потези и двојни стандарди“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ