петок, 25 октомври 2024

Влегол да краде на бензинска во Кочани, си ги заборавил ножот и куршумите

Ноќеска во 03.10 часот во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Д.Н.(19) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека околу 01.30 часот со пиштол во рака влегол во бензинска пумпа во Кочани, а на една од пумпите оставил и нож.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, откако заминал, вработениот пронашол четири куршуми калибар 7,62 мм., кои биле подигнати заедно со ножот за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ