По болниот пораз од ПСВ и елиминацијата во Лигата на шампиони, избраниците на Мота се опоравија со победа која има донесе +2 во однос на Лацио во борбата за топ четири пласман.
Вечерва, Јувентус славеше со минимални 0-1 на гостувањето кај Каљари, херој беше Душан Влаховиќ.
По пауза од три недели, Србинот се врати во стартниот состав на Јувентус и се покажа како клучен откако во 12. минута пресече една лошо вратена топка, го помина и голманот Каприле и од тежок агол ја затресе мрежата за три бода.