недела, 22 декември 2024

Владата тврди дека Македонија има највисок раст на БДП во Европа во третото тромесечје од 2024

Првпат после седум години пропаст и стагнација на македонската економија, конечно државата бележи раст на бруто домашниот производ (БДП) од три проценти во третото тромесечје од 2024 година, се наведува во денешното соопштение од Владата.

Објавено на

часот

Сподели

Од Владата тврдат дека се реализра нвното ветување за фуриозен почеток и домаќинско работење.

Според Владата доаѓаат првите резултати кои ги темелат на податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС) според кој, растот на бруто домашниот производ (БДП) во третото тромесечје односно месеците јули, август и септември е три проценти.

Раст на БДП од три проценти за македонската економија, велат дека е највисок споредбено со земјите од регионот и Европа. Споредбено, само пет земји членки на Европската Унија (ЕУ) имаат повисока стапка на раст во третиот квартал, додека пак во регионот помала стапка на раст во третиот квартал има две земји членки на ЕУ, тоа се Грција и Бугарија од 2,4 проценти. Романија е во негативно салдо -0,3 проценти, додека пак Словенија има 1 процент. Негативни се стапките на раст на Естонија, Австрија, Латвија, Германија и други држави.

„Како Влада очекуваме раст на БДП и во четвртиот квартал со што на годишно ниво би се доближиле од 3 проценти, што е многу повеќе од предвидените 1,8 проценти на Светска Банка. Како Влада преземаме активности и насочени сме кон реализација на капитални инвестиции, како и привлекување на странски директни инвестиции се со цел да ја придвижиме економијата и да поттикнеме економскиот развој. Ветивме и се обврзавме како Владата дека ќе ја трансформираме Македонија напред“, пишува во владиното сопштение.

Овие бројки, дополнуваат, се показател дека Владата работи посветено, одговорно и ги реализира ветувањата дадени пред граѓаните.

„Економијата е најважниот сегмент на работата на Владата. Продолжуваме посветено!“, соопшти владината прес-служба

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ