Оваа препорака е од денешната 214-та владина седница.
Како што информира владината прес-служба, целта на оваа препорака е да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри.
„Исто така за време на новогодишните и божиќните празници е зголемена посетеноста од страна на туристи низ целата држава, поради што има и потреба да се овозможи да пазаруваат, а со што ќе придонесат во растот на потрошувачката во државата“, се наведува во соопштението од Владата.