недела, 22 декември 2024

Владата одобри влез на 10 американски и 12 албански војници заради учество во воена вежба

Објавено на

часот

Сподели

Владата донесе одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Македонија заради учество на заедничка обука и вежба „Joint Combined Exercise Training – 23“.

Заедничката обука и вежба, како што е соопштено, е дел од Планот за билатерална соработка за 2023 година помеѓу Министерството за одбрана Македонија и Министерство за национална одбрана на Соединетите Американски Држави. Специјалните сили на Армијата на Македонија со 12 припадници од 20 август до 1 септември активно ќе учествуваат во подготовките и изведувањето на заедничката обука и вежба, а на вежбата е предвидено учество на 10 припадници од специјалните сили на вооружените сили на САД, 12  припадници на вооружените сили на Република Албанија, со вооружување, опрема, моторни возила и материјално – технички средства.

Локација за учество на вежбата ќе бидат полигоните за обука и стрелиштата за изведување на гаѓања во касарните „Илинден“ – Скопје, „Страшо Пинџур“ – Петровец и „Ѓорче Петров“ – Скопје.

Владата донесе одлука за давање на трајно користење на 160 таблет компјутери на 20 институции и даватели на социјални услуги на национално и локално ниво, меѓу кои: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје; Дневни центри за поддршка на лица со интелектуална попреченост, раководени од страна на Републичка Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост – Порака од Скопје; Мал групен дом во Кавадарци, раководен од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Кавадарци; Центар за згрижувачки семејства во Битола, раководен од страна на ЈУ Мајчин дом во Битола; Дневен центар за Даунов синдром во Скопје, раководен од страна на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје; Дневен центар за лица со попреченост, раководени од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Струмица; Дневен центар за лица со попреченост, раководен од страна на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во Куманово; Дневен центар за деца на улица во Шуто Оризари, раководен од страна на граѓански организација Здружение за заштита на правата на детето – Скопје, Младинско здружение на глуви и наглуви „Млад Знак“ во Скопје и други.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ