Рокот за дефинирање на оперативен план за спроведување на овие активности е една недела.
Пред три дена, во понеделникот заменик министерката Маја Манолева донесе и наредба универзитетските клиники кои се сместени во зградата на хируршки клиники во Клиничкиот центар операционите сали да почнат со работа со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух. Министерството за здравство укажа до клиниките да се набават надворешни компресори со цел функционирање на установите со итен и елективен програм, соопшти министерството.