Најпрво Премиерлигата ја одобри продажбата на Челси, а брзо потоа и владата на Велика Британија го стори истото, по што почнува завршната процедува за менување на сопствеништвото на клубот.
Британската влада соопшти дека го одобрува купувањето на Челси од страна на Тод Боли за 4,25 милијарди фунти откако ги добиле сите гаранции дека Роман Абрамович нема да има никаков профит од зделката.
„Доцна во ноќта владата на Велика Британија постигна соглагност дека може да издаде лиценца за продажба на фудбалскиот клуб Челси. По санкциите на Роман Абрамович, владата работеше напорно за да овозможи Челси да продолжи да игра фудбал. Но тоа можеше да се случи само со нов сопственик. По напорна работа, сега сме во целост задоволни од процедурите за продажба Роман Абрамович ниту било кој санциониран нема да има профит. Сега почнува процедурата за продажба на клубот, а парите ќе бидат наменети за жртвите од војната во Украина“, стои во соопшенито на владата.