петок, 18 октомври 2024

Владата ќе субвенционира летови и на „Визер“ и на „Луфтханза“

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски на прес-конференција објавија дека е успешен повикот за субвенции за нови авиолинии што заврши на 31 март и оти е склучен договор со „Луфтханза“ и „Визер“. 

„Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април десет пати неделно, а „Визер“ за новите четири дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава. Финансиската поддршка ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје.

„Со ‘Луфтханза’ преку Франкфурт се поврзуваме со повеќе од 200 дестинации. Преку субвенцонирање на авиолинии овозможуваме раст на економијата и на авиосообраќајот“, рече Ковачевски на прес-конференција во Владата.

Бочварски потенцираше дека се воведени нови дестинации за кои имало голем интерес од граѓаните. 

„Има дополнителни средства да се објави нов повик кон крајот на годината со цел да се привлечат нови дестинации“, најави Бочварски. 

Министерството за транспорт и врски во својот буџет годинава има предвидено 1,1 милион евра за оваа намена, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ