четврток, 24 октомври 2024

Владата го дефинира предлог законот за забрана на нефер трговски практики

Владата на Македонија синоќа го утврди текстот на предлог на закон за забрана на нефер трговски практики, во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.

Објавено на

часот

Сподели

Креирањето соодветна правна рамка за оваа област, за прв пат во Македонија, како што е образложено од Министерството за економија, јасно ги дефинира основите, правилата и мерките за отстранување на нерамнотежа во преговарачката моќ.

Станува збор за примена и целосно хармонизирање со европски директиви за нефер трговски практики во односите меѓу претпријатијата во синџирот на снабдување со земјоделство и храна – треба да обезбеди примена на европските практики во целокупниот синџир на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, како и во поглед на поширокиот опсег на неговиот предмет на уредување.

Се очекува, да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори (купувачи и добавувачи), кои се активни во синџирот снабдување со земјоделство и храна во различни фази на производство, преработка, маркетинг, дистрибуција и малопродажба на земјоделски и прехранбени производи и соодветна примена на забраните на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Исто така, се обезбедува начин за поефикасни контроли и надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата, којашто добива дополнителна надлежност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ