петок, 18 октомври 2024

Владата ги разреши државните правобранители за Струга и Скопје

Поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, на предлог на Државниот правобранител, односно Министерството за правда, на денешната седница, Владата донесе одлука за разрешување на државните правобранители за подрачјата на Струга и Скопје, соопшти попладнево Министерството за правда. Оттаму уште информираа дека законот за дополнување на Законот за државното правобранителство ќе се најде на собраниската седница на 15 јануари.

Објавено на

часот

Сподели

„Владата одлучи Мирко Велјаноски да го разреши од должноста државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Струга, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител и Јане Јанкуловски од функцијата државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител“, пишува во кусото соопштение на Министерството за правда.
Оттаму уште информираа дека законот за дополнување на Законот за државното правобранителство ќе се најде на собраниската седница на 15 јануари.
„Со измените кои ги предложи Министерството за правда се предвидува натамошно подобрување на одредбите во насока на обезбедување на можност за мирување на државноправобранителската функција во случај државните правобранители да бидат избрани или именувани на друга функција или должност. Ова се наметна како потреба од воведувањето на неограничениот мандат на кои се избираат државните правобранители“, велат од министерството.

Предлог-законот за дополнување на Законот за државното правобранителство содржи три члена, со кои се предвидува можност доколку државниот правобранител е избран од редот на државните правобранители за Државен правобранител на Македонија по истек на времето за кое е именуван, а со негова согласност Владата да го именува за функцијата државен правобранител за подрачје каде што претходно ја обавувал државно правобранителската функција.

Измената, како  што појаснуваат од Министерството за правда, се предлага како потреба од воведувањето на неограничениот мандат на кои се именуваат државните правобранители.

Со предложените измени се предвидува и усогласување на одредбите од законот со Законот за употреба на јазиците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ