среда, 12 март 2025

Вкусот на Латинска Америка во хотел Лимак Скопје

Во петок, 21 март, во хотел Лимак во Скопје ќе се одржи Латино вечер на која извонредните готвачи на хотелот ќе ги покажат своите кулинарски вештини, подготвувајќи автентични латино-американски јадења.

Објавено на

часот

Сподели

Менито на оваа Латино вечер ќе содржи типично кубанско јадење од говедско месо, кое се смета за едно од националните јадења на оваа земја. Останатите гастрономски изненадувања што ќе можат да се вкусат се карактеристични специјалитети со потекло од Мексико и Бразил.

Посетителите на Латино вечерта ќе имаат прилика да ги пробаат и разновидните коктели во чија основа е румот, што е типичен пијалак за Карибите, каде се произведуваат повеќе од 70 различни брендови на рум. Овој пијалак многу често се користи за подготовка на коктели со тропски вкус и изглед, кои се одличен аперитив или придружник на латино-американските јадења.

На Латино вечерта ќе настапи танцовиот клуб „Desire“ и со звуците на латино музиката ќе ја долови убавината на Латинска Америка – синоним за прекрасни плажи, автентична музика и разнобојни карневали.

Латино вечерта започнува во 20.30 часот, во Clover ресторанот на петтиот кат на Limak Skopje Luxury Hotel, каде можат да се добијат и сите дополнителни информации и резервации.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ