Денеска се отворија документите на јавниот повик и комисијата составена од членови од неколку државни институции во следниот период ќе изврши проценка на понудите.
„Јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии беше распишан во согласност со
политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска Унија. Финансиската поддршка има за цел поттикнување и развој на воздушниот сообраќај, заради квалитетен развој на цивилното воздухопловство, формирање на поконкурентни и подостапни цени на билетите што директно подразбира нови дестинации за граѓаните на Северна Македонија“, соопшти Министерството за транспорт и врски.