понеделник, 21 октомври 2024

Виталиа со поддршка на концертот на Џон Илија Апелгрен „Хитовите на Френк Синатра“

На 14 февруари, датум што е синоним за љубов и вино, nајголемите хитови на Френк Синатра ќе прозвучат со уникатниот џез глас на Џон Илија Апелгрен, на ексклузивниот концерт по повод Денот на вљубените, кој е поддржан и од македонската компанија за здрава храна Виталиа.

Објавено на

часот

Сподели

На сцената заедно со Џон Илија Апелгрен ќе биде и Националниот џез оркестар. Програмата ќе биде составена од некои од најпознатите хитови на Френк Синатра, адаптирани за изведба со биг бенд состав.

Концертот ќе се одржи во салата на Националната опера и балет, со почеток од 20 часот.

Поддршката на Виталиа на овој настан ја истакнува посветеноста на компанијата кон збогатување на благосостојбата на нашата заедница преку моќта на музиката, љубовта и здравјето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ