петок, 18 октомври 2024

Висок функционер на НАТО бара итна деескалација на тензиите на Косово

Објавено на

часот

Сподели

Гофус на прес конференција по одвоените состаноци со премиерот на Косово Аљбин Курти и косовската претседателка Вјоса Османи заклучи дека Косово и Србија не ги послушале меѓународните повици да преземат чекори кон деескалација на тензиите во кои се вклучени косовските специјалци и етничките Срби на северот на Косово.

Немирите на северот на Косово, каде живеат околу 50.000 Срби кои се локално мнозинство, избија на крајот на мај откако градоначалниците Албанци, со асистенција на полиција по налог на Приштина, влегоа во општинските згради по локалните избори кои Србите ги бојкотираа, а излезноста беше едвај нешто повеќе од 3 отсто.

„Не видовме никаков напредок кон деескалација. Тоа ја загрозува безбедноста на сите луѓе на Косово, како и на персоналот на НАТО“, кажа Гофус.

Тој истакна дека 93 војници на мировните сили во мисијата Кфор на НАТО се повредени во судирите со демонстрантите на 29 мај, иако Кфор претходно соопшти дека се повредени 30, додека лекарите во здравствениот центар во Косовска Митровица кажаа дека биле повредени над 50 српски демонстранти.

Гофус, според косовските медиуми, кажал дека „тоа е апсолутно неприфатливо и не смее да се повтори“ и дека таа позиција „НАТО јасно им ја дал до знаење и на српските власти“. Високиот функционер на НАТО истакна дека е „очигледен падот на практичната и политичка координација со Приштина“, оценувајќи дека тоа е спротивно на „евроатлантските аспирации на косовскиот народ“.

Тој порача дека на Европа не ѝ е потребен нов судир, по тој во Украина. „Никој не би требало да ризикува уште еден судир во Европа кој би ги поткопал мирот и стабилноста стекнати со толку жртви“, кажа функционерот на НАТО.

САД и ЕУ, која го модерира дијалогот на Белград и Приштина, се обидуваат со интензивни дипломатски акции да ги поттикнат двете страни на деескалација на тензиите и враќање на преговарачката маса, посочувајќи го како предизвикувач на актуелната криза косовскиот премиер Аљбин Курти чии акции ја разгоруваат ситуацијата на северот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ